📽️ ХЕЛИКОПТЕРОТ ПОДГОТВЕН, ПУБЛИКАТА ВО ШОК Линдзи Вон заврши во мрежата во Кран-Монтана
Американската скијачка изгуби рамнотежа по скок и заврши во заштитната мрежа, но за среќа помина без посериозни последици.
Познатата американска скијачка Линдзи Вон доживеа сериозен пад за време на спустот во швајцарската Кран-Монтана, последната трка пред почетокот на Зимските олимписки игри.
Трката мина во драматична атмосфера и беше обележана со неколку падови, а еден од најзагрижувачките го имаше токму Вон. Американката ја загуби рамнотежата во горниот дел од патеката по скок, по што заврши во заштитната мрежа и не можеше самостојно да се извлече.
Медицинските екипи веднаш реагираа, а хеликоптерот беше подготвен за итен транспорт, што дополнително ја зголеми загриженоста кај публиката и љубителите на скијањето. За среќа, по укажаната помош беше утврдено дека Вон не се здобила со посериозни повреди.
Падот доаѓа во чувствителен момент, само неколку дена пред стартот на Зимските олимписки игри, каде што Американката се очекува да биде една од главните ѕвезди и фаворитки во спустот.
Wishing Lindsey Vonn a speedy recovery following her crash in Crans-Montana ❤️ pic.twitter.com/hZ6PcPVvW3
— TNT Sports (@tntsports) January 30, 2026