ХЕЛИКОПТЕРИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ КАЈ БЛАЦЕ Гори на непристапен терен

114

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.

„Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи“, објави ЦУК.






Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека упатил барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112 за голем шумски пожар што гори од десната страна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин (ГП) Блаце, пред тунелот.

Пожарот се наоѓа на непристапен терен поради што екипите на Бригадата за противпожарна заштита што се веќе пристигнати не се во можност да интервенираат по земја.
Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.
Поврзани содржини