📽 ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ПОЛЕТА КОН АЈВАТОВЦИ Кракот повторно се разгоре, екипите се на терен
На лице место се пожарникари од ТППЕ Скопје и доброволци од Доброволното друштво од Свети Николе со поддршка од локалното население, информираше Стојанче Ангелов од ЦУК.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека кракот кај Ајватовци повторно се разгорел, и затоа итно е ангажиран хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
Истиот веќе е на терен и започна со гаснење.
– На лице место се пожарникари од ТППЕ Скопје и доброволци од Доброволното друштво од Свети Николе со поддршка од локалното население – додаде Ангелов.