📽 ХЕЛИКОПТЕР, ХЕЛИКОПТЕР… Ќерката на убиената Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и со босанска песна
Мино Маџиди (62) беше застрелана од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била застрелана со воздушна муниција и дека ја погодиле 167 куршуми.
Ќерката на Иранката Мино Маџиди, која беше убиена за време на антивладините протести во септември 2022 година, денеска објави видео на кое таа прославува неименуван настан со чаша пиво. Видеото што го постираше Маша Пиреи беше придружено со песната „Хеликоптер“ од босанскиот пејач Фадил Фазлија.
هلیکوپتر
هلیکوپتر
🍻🚁 pic.twitter.com/4ob9LPIZaI— Mahsa Piraei مهسا پیرایی (@mahsa_piraei) May 19, 2024
Заедно со објавата Пиреи напишала „Хеликоптер, хеликоптер“.
Да потсетиме, утрово беше потврдено дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа. Мино Маџиди (62) беше застрелана од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била застрелана со воздушна муниција и дека ја погодиле 167 куршуми. Мино починала на пат кон болница.