ХЕЛЕНА РОЗА СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ОПШТИНА ВО НОВ ЗЕЛАНД Побара поддршка од нејзините следбеници
Поранешната водителка Хелена Роза соопшти дека е кандидатка на претстојните локални избори во Нов Зеланд. Таа на социјалните мрежи сподели дека се кандидирала во општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.
Роза побара поддршка од нејзините следбеници преку официјалнио политички профил.
Хелена, која е сестра на пејачката Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд.