ХЕЈЛИ БИБЕР СТАНА МИЛИЈАРДЕРКА Џастин ги шокираше обожавателите со честитката што ја објави

Хејли Бибер го продаде својот бренд на шминка и производи за нега на кожа и стана милијардерка.

1,349

Хејли Бибер го продаде својот бренд на шминка и производи за нега на кожа и стана милијардерка.

Сопругата на пејачот Џастин Бибер, Хејли Бибер, го продаде брендот „Род“ за неверојатна милијарда долари.






Американската козметичка компанија „Е.л.ф. бјути“ објави дека го купила брендот „Род“ (Rhode) од моделот и инфлуенсерка Хејли Бибер за 1 милијарда долари.

Трансакцијата подразбира дека 800 милиони долари ќе бидат исплатени во готово и акции, со дополнителни 200 милиони долари во зависност од резултатите на брендот „Род“ во следните три години. Се очекува договорот да се финализира до крајот на 2025 година.

Хејли Бибер ќе остане во тимот како главна директорка за иновации. По објавата, нејзиниот сопруг Џастин Бибер се огласи на Инстаграм – споделувајќи ја објавата на Хејли, но без никаков опис, т.е. без зборови.

Додека луѓето во коментарите ѝ честитаа на Хејли за нејзиниот успех, повеќето се сетија на еден претходен инцидент кога, за време на нивната расправија, Џастин рече дека таа „никогаш нема да заврши на насловната страница на ‘Вог’“. Кога тоа се случи, беше критикуван дека не ја поддржува доволно својата сопруга.

Во коментарите под неговата нова објава, се пошегуваа дека ја научил лекцијата, бидејќи не напишал ништо за да не направи уште една грешка.

По повод продажбата, Хејли изјави дека отсекогаш имала големи соништа за својот бренд и дека е многу горда на новото партнерство. Таа им се заблагодари на тимот и на следбениците и порача: „Ова е само почеток“.

Поврзани содржини