ХЕЈЛИ БИБЕР ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА ЗАВИСНОСТА НА ЏАСТИН Ме врати во мрачен период

Неодамна неговата сопруга Хејли за првпат се огласи и призна дека биле пред развод, а сега откри уште нешто.

2,040

Џастин Бибер (27) во 2020 година откри дека некогаш се потпирал на дрога како можност да избега од својот живот под рефлекторите.

Неодамна неговата сопруга Хејли за првпат се огласи и призна дека биле пред развод, а сега откри уште нешто, а тоа е дека му помогнала на пејачот да се ослободи од зависноста, но и дека сето тоа за неа било многу тешко психички.






Манекенката во подкастот „Гласови“ на брендот „Викторија’с сикрет“ истакна дека тоа бил исклучително тежок период за неа и дека сеќавањата за нејзиниот татко Стивен Болдвин (55) ѝ оживеале додека тој се борел со пороците.

Таа призна дека во нејзиното семејство има многу зависност.

„Не само што татко ми имаше проблеми, туку и многу луѓе од таа страна на моето семејство се мачеа со многу различни работи. Татко ми секогаш беше отворен за својата зависност и јас го ценев тоа. Отсекогаш сум била блиска со него и тој често зборуваше искрено зошто успеал да остане трезен, чист од дрога и како изгледа однесувањето под влијание на дрогата“, рекла Хејли.

„Беше исклучително тешко да се биде дел од тој период на употреба на дрога, особено затоа што морав да се вратам во темниот период на борбата на татко ми. Го прашав работи како:

„Во која фаза си со сето ова? Порано бев нервозна кога го прашував Џастин: „Дали ти е тоа во ред тебе?“, се присетила манекенката на борбата на нејзиниот сопруг за време на одвикувњето.

„Меѓутоа, тој имаше голема свест за сето ова и беше многу отворен за својата зависност. Тоа е сè што можам да побарам“, додаде таа.

Инаку, Џастин еднаш призна дека првпат пробал марихуана на 13 години, откако стана познат благодарение на видеото на Јутјуб. Станал зависник од марихуана, а потоа почнал да ја комбинира со таблети и печурки.

„Тоа ми беше само начин да избегам. Бев млад“, истакна пејачот.

Нивниот брак изминативе месеци беше под будното око на јавноста, а внимани се посветува на секое нивно движење во јавноста. Гласините дека нешто не е во ред во нивната врска започнаа со видео кое кружи на интернет на кое Џастин ѝ вреска на сопругата Хејли пред толпата луѓе.

Многумина го поврзуваат однесувањето на пејачот со фактот дека неговото одвикнување од опијати е тешко и дека сето тоа му предизвикало психички проблеми.

Поврзани содржини