🎥 ХЕЈЛИ БИБЕР Е ПОДГОТВЕНА ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ Манекенката ги покажува своите облини во романтична долна облека во кампањата на „Викторијас Сикрет“
Манекенката Хејли Бибер е главното лице на новата кампања на „Викторијас сикрет“ за Денот на вљубените во која ги покажува своите облини во романтичната долна облека на брендот
Манекенката Хејли Бибер е главното лице на новата кампања на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret) за Денот на вљубените (Valentine’s Day) за 2026 година.
Victoria’s Secret ја претстави својата колекција на 7 јануари, а Хејли е предводник на кампањата A Very VS Valentine’s.
Во кампањата учествуваат и Изабели Фонтана, Мати Фол Диба и Алексис Карингтон.
Во ексклузивно видео споделено со PEOPLE, 29-годишната Хејли позира пред огледало.
View this post on Instagram
На една фотографија од кампањата, Хејли седи во голема фиока, лакирајќи ги ноктите на нозете додека е облечена во долна облека на „Викторијас сикрет“.
Фотографијата е во чест на една од долгогодишните ангели на „Викторијас сикрет“, Жизел Бундшен, која позираше на сличен начин во кампања од 2001 година. На таа фотографија, Бундшен седи во фиока облечена во розов комплет од „Викторијас сикрет“ додека ги лакира ноктите на нозете.
View this post on Instagram
Мајката на едно дете, на дел од фотографиите носи црвена долна облека, потоа црн комплет со чипка и црвени детали, а во друга сцена е облечена во нежна розова комбинација.
Хејли исто така се појавува лежејќи на креветот и на подот во предизвикувачки пози.
Други артикли во колекцијата за Денот на вљубените за 2026 година ги вклучуваат и парфемите Very Sexy Euphoric и Very Sexy Blush.
View this post on Instagram
Хејли стана дел од Викторијас сикрет (Victoria’s Secret VS Collective) во 2021 година, што е нов пристап на брендот, каде наместо класичните „ангели“, познати личности, модели и инфлуенсерки ги промовираат колекциите.
Од тогаш, Хејли учествуваше во повеќе кампањи и промотивни фотосесии за Викторијас сикрет, но сè уште не настапила на официјалната модна ревија на брендот.