ХДЗ СЛАВИ ПОБЕДА НА ХРВАТСКИТЕ ИЗБОРИ ПО ПРВИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ „Ова ќе се промени, без еуфорија“

Како што пренесува хрватскиот портал, во изборниот штаб на ХДЗ во тек е прослава и толпата извикува „победа“.

934

Околу парламентарните избори во Хрватска, според првите официјални информации, по 25% преброени гласови, ХДЗ има 67 мандати, пренесува хрватски Индекс.

Реке правде (СДП) е со 41 мандати, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, а НП Север 2 мандата.






Како што пренесува хрватскиот портал, во изборниот штаб на ХДЗ во тек е прослава и толпата извикува „победа“.

Од друга страна, пак, во штабот на СДП владеел молк.

Арсен Баук од СДП ги коментираше излезните анкети, според кои ХДЗ освоила дури 67 мандати, пренесува Јутрањи лист.

– Ова значително ќе се промени, без еуфорија, да забавиме малку – рече Баук и додаде дека е невозможно партијата Можемо! да доживее таков пад.

– И да има 3 мандати, ќе оди кон 10. Се сомневам дека ХДЗ ќе добие толку мандати – нагласи Баук.

Мирела Ахметовиќ (СДП) рече дека излезните анкети покажуваат дека СДП останува најсилната партија на левицата, па дури и да останат овие резултати, кои според неа се подобри од претходниот изборен циклус.

Таа потсети дека досега „анкетите беа точни за многу низок одѕив“.

– Не сум сигурна колку се точни за толку голем одѕив – нагласи таа за ХРТ.

Поврзани содржини