HBO MAX ПРЕТСТАВЕН ПРЕД КОРИСНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Нова платформа за филмските сладокусци

HBO Max нуди содржини за сечиј вкус. Ќе ги спомнеме наградуваните HBO серии „Следоред“, „Игра на тронови“,  „Еуфорија“ и „Мер од Исттаун“, како и новите HBO серии меѓу кои се „Време за победи: Подемот на династијата на Лејкерс“ и „Позлатената ера“.

899

Во Македонија стартувашe HBO Max, стриминг платформа која ги обединува HBO, Warner Bros., DC, Cartoon Network и Max Originals насловите, како и наслови од многу други продукции. HBO Max ја замени досегашната HBO GO платформа.

Кристина Сулебак, генерална директорка за HBO Max EMEA, изјави: „Многу ни е драго дека HBO Max е сега достапен и во Македонија и што овозможува врвна забава, филмови, европска продукција и детски содржини на едно место. Освен тоа, за љубителите на добрите приказни во Македонија подготвивме многу исплатлива понуда со која може да остварат 33% попуст на регуларната месечна цена на претплата и тоа доживотно.“






„Во Централна и Источна Европа започнавме со работа уште далечната 1991 година со првите линеарни канали. Нè радува што, 30 години подоцна, им донесуваме на гледачите во регионот потполно нов начин на пристап до омилените содржини“, вели Сулебек.

Автоматска миграција од HBO GO

HBO GO корисниците кои имаат активна директна претплата автоматски ќе мигрираат на новата платформа и тоа со промотивна цена на претплата која изнесува само 4,66 €/месечно, што е помалку од претплатата за HBO GO која изнесуваше 5,99 €/месечно. Оваа промотивна понуда им овозможува на корисниците да остварат 33% попуст на стандардната месечна цена на претплата доживотно, сè додека имаат активна месечна претплата.

Новите корисници кои ќе се претплатат пред 31. март исто така можат да ја искористат промотивна понуда со намалена месечна цена на претплата. За оние кои ќе се претплатат по 31. март стандардната цена на месечната претплата ќе изнесува 6,99 €/месечно. Ќе биде воведена и нова опција со годишна претплата по цена од 54,99 €, која ќе биде многу исплатлива и ќе овозможи 12 месеци пристап по цена за осум месеци. Ако сакате пристап веднаш, посетете ја страницата www.hbomax.com.

HBO Max ќе биде достапен и кај одбрани оператори.

HBO Max нуди содржини за сечиј вкус. Ќе ги спомнеме наградуваните HBO серии „Следоред“, „Игра на тронови“,  „Еуфорија“ и „Мер од Исттаун“, како и новите HBO серии меѓу кои се „Време за победи: Подемот на династијата на Лејкерс“ и „Позлатената ера“. Помеѓу насловите од Max Originals продукцијата е хит серијата „И едноставно така…“, како и многу нови серии како што се „Трикови“, „Создадени за љубов“, „Сексуалниот живот на студентките“, „Станица единаесет“, новата сезона на серијата „Одгледани од волци“ и многу други. DC продукцијата ги вклучува „Лига на правдата на Зек Снајдер“ и серијата „Миротворец“, додека Cartoon Network продукцијата донесува наслови како што се „Чудесниот свет на Гамбол“ и „Титани тинејџери, одиме!“. Меѓу Warner Bros. филмовите се „Дина“, „Матрикс: Воскреснувања“ и „Кралот Ричард“.

Дел од HBO Max понудата ќе  бидат и филмовите „Кими“, „Последици“, „Без нагли движења“ и „Сите светци на мафијата“. Меѓу европските Max Originals содржини се сериите „Камиказе“ и „Случајот Ваникоф“. Тука се и многу култни серии како „Пријатели“, „Сексот и градот“, „Озборувачка“, „Вампирски дневници“, „Нормални луѓе“, „Девојки“, „Нарко-мрежа“, „Лери Дејвид“, „Менталист“ и „Вистински детектив“. Од ријалити емисиите во понудата на HBO Max се „Бременоста на Ејми“, „Следниот голем дизајнер на Елен“, „Остров на швалерите“, „Селена + готвачи“, „Тортијада“, како и многу други наслови.

„За помалку од 24 месеци изградивме скалабилен стриминг сервис присутен на 61 територија со планови за понатамошно ширење. Меѓународното работење ќе продолжи да биде важен дел од нашиот глобален раст и во иднина“, изјави Јоханес Ларчер, директор на HBO Max International.

„Особено сум горд што нашето присуство во Централна и Источна Европа дополнително е зацврстено со денешното стартување на HBO Max и што продолжуваме да ја зајакнуваме нашата посветеност на гледачите, партнерите и вработените ширум регионот во овие времиња на големи предизвици“, додаде тој.

HBO Max е сега достапен на 61 територија ширум Европа, САД, Латинска Америка и Карибите. Глобалното ширење продолжува во текот на оваа година кога услугата ќе стане достапна и во Турција, Грција, Естонија, Летонија, Литванија и Исланд. Се работи и на плановите за ширење во југоисточна Азија.

Поврзани содржини