Хаваи им плаќа на туристите да си одат од Островот
Агенцијата издвоила 25.000 долари за патни трошоци за туристите кои мораат да си заминат ако одбијат 14 дневен карантин, што е пропишан од државата.
Хавајска туристичка организација „Алоха Сосиет“ им помага на туристите да си заминат од Островот поради пандемијата со новиот коронавирус, со тоа што им ја плаќа авионската карта до нивните земји, објави „CNN“.
Агенцијата издвоила 25.000 долари за патни трошоци за туристите кои мораат да си заминат ако одбијат 14 дневен карантин, што е пропишан од државата.
Хавајските власти соопштија дека за патните аранжмани е задолжена „Визитор Алоха Сосиет“, што и во нормални околности им помага на туристите на Хаваи да ги решат проблемите со кои се соочуват, како што се кражба или здравствени проблеми.
Од почетокот на воведувањето на вонредната состојба во Хаваи поради пандемијата со ковид-19, вратени се 19 луѓе, а во одредени случаи поради прекршување на мерките морале да платат и казна.
На Хаваите досега се потврдени вкупно 596 случаи, а починати се 12 лица.