Хауард: Нема кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми
Осумкратниот „Ол стар“ играч изјави дека во моментов има поважни работи од кошарката, насочени кон расната дискриминација и додаде дека тој нема да игра сè додека не се решат проблемите.
Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Двајт Хауард целосно се согласува со Каири Ирвинг и исто така е против рестартирање на сезоната во НБА.
Осумкратниот „Ол стар“ играч изјави дека во моментов има поважни работи од кошарката, насочени кон расната дискриминација и додаде дека тој нема да игра сè додека не се решат проблемите.
– Се согласувам со Каири. Во моментот кошарката не е неопходна, забавата само ќе биде за дефокусирање. Секако, ова не може да ги дефокусира играчите, но имаме ресурси што повеќето во заедницата не можат да си ги дозволат. … Не би сакал ништо друго освен да ја освојам титулата во НБА, но во моментов е поважно да се обединам со мојата заедница.Тоа е поголемата титула, премногу е убаво за да не го следам. Има ли подобро време од сега па натаму да се фокусираме на нашите семејства? – прашува центарот.
Според него, европската колонијализација ги лишила од нивната богата историја и тие допрва треба да седнат и да размислуваат за работите.
– Колку помалку дефокус, толку повеќе време за активности, кои имаат за цел да се откриеме самите себе. Државите потекнуваат од семејствата. Афроамериканците не се нација. Време е нашите семејства да станат свои нации. Ние нема да играме кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми – рече Хауард во изјавата за Си-Ен-Ен.