Хасани: Модуларната болница се полни, ако нема места во болниците ќе се воведува карантин

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани најави дека, доколку и таму се пополни капацитетот, решението ќе се бара во другите болници, а доколку и тие се пополнат можно е воведување карантин.

700

Со забрзано темпо се полни модуларната болница за болни од ковид-19, покажуваат информациите од терен.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани најави дека, доколку и таму се пополни капацитетот, решението ќе се бара во другите болници, а доколку и тие се пополнат можно е воведување карантин.






Модуларната болница има капацитет од 70 кревети, а дел од нив веќе се пополнети. Лекарите повикуваат на почитување на мерките, за кои Хасани смета дека се адекватни на бројот на заразени. Дали ќе има нови, ќе зависи од ситуацијата.

Поврзани содржини