Харви Вајнстин имал инфаркт по изрекувањето на пресудата

533

Харви Вајнстин (67), пораншен холивудски продуцент, кој во текот на три децении напаствувал стотици жени, е осуден на 23 години затвор сексуален напад и силување.

Вајнстин беше прогласен за виновен пред две недели, по што се сруши во судот, а беше осуден вчера –  23 години затвор!






Неколку часа по изрекувањето на пресудата, објавено е дека Вајнстин се наоѓа во болница поради силни болки во градниот кош.

Американските медиуми пишуваат дека ова е „обид да се одложи одењето во затвор“, но не ја исклучуваат можноста дека имал инфаркт.

Портпаролката на Вајнстин, Џуда Енглемајер потврдила дека тој се наоѓа во болницата „Белвју“ на Менхетн поради проблеми со срцето.

Пред неколку дена Вајнстин беше подложен на зафат вградување стент.

Поврзани содржини