Харви Вајстин е сместен во истиот затвор во кој убиецот на Џон Ленон ја издржува казната. Вајнстин минатата недела беше осуден на 23 години затвор, откако беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба и силување од трет степен.
Тој е затворен во Казнено-поправниот завод „Венде“ во близина на Бафало, Њујорк. „Венде“ има повеќе од 950 затвореници, меѓу кои и Марк Дејвид Чaпман, кој отслужува доживотна казна за убиството во Ленон во 1980 година.
Чапман пукал четири пата во грбот на Ленон, пред апартманот Дакота, во присуство неговата сопруга Јоко Оно и други.
„Вајнстин ќе остане во затвор на неодредено време додека властите утврдат која институција ги задоволува неговите безбедносни, медицински, ментални здравствени и други потреби“, велат од овој завод.
Да потсетиме, на крајот на февруари, поротата го прогласи некогаш највлијателниот холивудски маж за виновен за сексуален напад на асистентката Мими Халеј и за силување на поранешната актерка во подем, Џесика Ман, но тој беше ослободен од најтешката точка по обвинението, дека е сексуален предатор, според која можеше да добие доживотен затвор.