Харвард: Откриено зошто ковид-19 предизвикува губење на сетилото за мирис

2,100

Губењето на сетилото за мирис е еден од најчестите и најраните симптоми на ковид-19, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за оваа појава.

Како што наведува „Скај њуз“, утврдено е дека сензорните неврони кои го детектираат чувството за мирис и го пренесуваат до мозокот, сепак, не се меѓу клетките на сетилото за мирис кои ги погодува коронавирусот.






Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои обезбедуваат метаболичка и структурна поддршка на тие неврони, како и на одредени матични клетки и на клетките на крвните садови, тврдат научниците од медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, кои, исто така, наведуваат дека на тој начин предизвиканото губење на сетилото за мирис, во повеќето случаи не е трајно.

 

Поврзани содржини