ХАРПЕР БЕКАМ СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА ЗА СВОИТЕ БРАЌА „Ве сакам сите толку многу, зборовите не можат да го опишат тоа“
На Денот на вљубените, 14-годишната ќерка на Викторија и Дејвид Бекам им оддаде почит на своите тројца браќа Бруклин, Ромео и Круз на својот профил на Инстаграм – во време кога семејството се соочува со големи меѓусебни проблеми.
Харпер Бекам јавно им изрази љубов и им оддаде почит на своите тројца постари браќа – Бруклин, Ромео и Круз – во објава споделена на 14 февруари, додека во јавноста сè уште одекнуваат тензиите во семејството Бекам.
14-годишната ќерка на Викторија и Дејвид Бекам на својот приватен Инстаграм-профил сподели црно-бела фотографија од детството, на која е во базен, прегрната со најстариот брат Бруклин Пелц Бекам (26), додека зад нив стојат Ромео Бекам (23) и Круз Бекам (20), прегрнати еден со друг.
– Ве сакам сите толку многу што зборовите не можат да го опишат тоа – напиша Харпер на фотографијата, означувајќи ги своите браќа.
Ромео ја сподели објавата на својот профил, додавајќи симбол за бесконечност, додека Викторија дополнително ја пренесе семејната атмосфера споделувајќи уште една фотографија од децата, со порака: „Среќен Ден на вљубените на најдобрите големи браќа на целиот свет.“
:max_bytes(150000):strip_icc():focal(421x0:423x2):format(webp)/Harper-Beckham-Brooklyn-Beckham-Romeo-Beckham-Cruz-Beckham-021526-99f9d2550a51436c87f2e971ed00baea.jpg)
Објавите беа придружени со песната „Big Girls Don’t Cry“ од Fergie, а Викторија додаде и црвено срце кога ја реобјави содржината.
Емотивните пораки на Харпер доаѓаат во период кога семејството се соочува со јавни несогласувања. Во серија Инстаграм-објави во јануари, Бруклин изнесе обвинувања дека неговите родители се обиделе да му наштетат на неговиот однос со сопругата НиколаПелц Бекам.
Тој тврдеше дека мајка му во последен момент го откажала венчалниот фустан на Никола пред нивната свадба во 2022 година, како и дека „ја презела“ нивната прва свадбена игра. Дополнително, Бруклин изјави дека татко му одбил да се сретне со нив при нивната посета на Лондон за неговиот 50-ти роденден, освен ако не присуствуваат на големата роденденска забава.
Извор близок до семејството претходно изјави дека Дејвид и Викторија повеќепати побарале од Бруклин и Никола да седнат и да разговараат за да продолжат понатаму.
– Дејвид ги сака своите деца. Тие му се сè – наведува изворот за People.
Додека јавноста внимателно ја следи ситуацијата, пораката на Харпер изгледа како тивок, но јасен обид за семејно единство – барем на Денот на љубовта.