Харисон Форд повторно како Индијана Џонс во петтото продолжение

375

Холивудската ѕвезда Харисон Форд треба да ја повтори својата улога на познатиот авантурист-археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“.

Филмот, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер како Инди. „Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите каде ги откри плановите и за филмските франшизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“.






Новиот фил треба да излезе во јули 2022 година. Филмскиот продуцент Френк Маршал неодамна изјави дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога.

– Работиме на сценариото. Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд – рекол тој.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини