Хари првпат го спомна Вилијам во видеото за нивната мајка Дијана (ВИДЕО)

858

„Мама веруваше дека младите луѓе имаат моќ да го променат светот. Веруваше во силата, бидејќи ја гледаше од ден на ден, беше сведок на безграничниот ентузијазам и страст на лицата на младите“, го започнал видеото принцот Хари (36) во кое им се обратил на своите следбеници по повод одбележувањето на 60-от роденден на неговата почината мајка Дијана.

Хари најпрво им се обратил на оние кои работеле на прашањата поврзани со пандемијата на коронавирусот и им рекол дека неговата мајка Дијана би била горда. Тој додал дека корона-кризата погодила многу заедници, жени, малцинства и сиромашни земји.






Во видеото, кое трае една минута и 16 секунди, принцот го спомнал и неговиот брат Вилијам (39), со кого ќе се сретне при поставувањето на статуата посветена на принцезата Дијана. Вилијам и Хари не се виделе од погребот на нивниот дедо принцот Филип.

– Мојот брат и јас го препознаваме она што би ѝ било важно на нашата мајка за нејзиниот 60-ти роденден. Таа би била толку горда на сите вас кои живеете со цел и сочувство кон другите – заклучил тој.

Да потсетиме, принцот Хари повторно ќе ја посети Англија поради семејните обврски. Тој треба да се врати од САД кон крајот на јуни, за на 1 јули да присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дијана.

 

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини