Хари повторно му забива „нож во грб“ на семејството
Експертите велат дека неговата најнова одлука ќе го продлабочи раздорот меѓу браќата.
Расколот меѓу принцот Хари и неговиот брат Вилијам, како и другите членови на семејството, продолжува.
Принцот Хари може да пропушти многу важен настан во Велика Британија, откривањето на новата статуа на принцезата Дајана, тврдат експерти за прашањата на кралското семејство.
Според нив, Хари и неговата сопруга Меган Маркл нема да дојдат во Велика Британија.
Расколот меѓу принцот Хари и неговиот брат Вилијам, како и другите членови на семејството, продолжува, а интервјуто што Хари и Меган и го дадоа на Опра Винфри само ги зголеми тензиите.
Бидејќи веќе се сретна со своето семејство во Англија на погребот на принцот Филип, можно е Хари да одлучи да пропушти важен настан закажан за јули оваа година.
Принцот Хари се очекуваше да се врати во Англија за да присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дајана на 1 јули.
Сепак, кралскиот експерт рече дека неговото враќање во Англија не е сигурно.
Фил Дампи, експерт за прашањата на британското кралско семејство, рече дека верува дека Меган нема да се врати во Велика Британија.
– Сега постои сериозно сомневање дали Хари ќе дојде на откривањето на статуата на принцезата Дајана на денот на нејзиниот 60 роденден во јули – вели Дампи.
Друг кралски експерт изјави дека Хари може да излезе со „пригоден изговор“ да не присуствува на настанот, бидејќи можеби не сака повторно да се „соочи со своето семејство“.
Расел Мајерс за „tokRAD“ изјави: – Неговата намера е да се врати. Иако неговата сопруга само што се породи, сигурен сум дека може да скокне со приватен авион и да дојде.
Сепак, многумина веруваат дека породувањето Меган, кое се очекува на лето, ќе го спречи Хари да дојде во Англија.
Да потсетиме, Меган Маркл не присуствуваше на погребот на принцот Филип, а како причина беше наведена бременоста на војвотката.