ХАРИ ОТКРИ КАКО СЕ СКАРАЛЕ ЈАТРВИТЕ МЕГАН И КЕЈТ Сè започнало со еден фустан…
Кејт барала фустанот на малата Шарлот која била деверуша да се преправи четири дена пред свадбата. Преправањето шиени фустани не е необично во високата мода, но она што било проблематично е краткиот рок за преправка. Додека Меган прифатила да се изработи преправката, зборовите на Кејт ја оставиле да липа на подот.
Принцот Хари бил близок со сопругата на својот брат Вилијам, но работите се искомплицирале кога се скарале јатрвите – Меган и Кејт и тоа токму денови пред свадбата на Хари и Меган во 2018 година. Хари во своите мемоари насловени „Резерва“ открил дека Меган и Кејт имале караница за фустан кој требало да го носи принцезата Шарлот, едно од трите деца на Вилијам и Кејт.
За ова нешто пишуваа британските медиуми лани во јануари кога мемоарите беа објавени.
Уште повеќе, се верува дека Кејт не можела да му прости на Хари што во книгата го изнел овој детал за караницата. Оваа приказна ја претставува Кејт во лошо светло.
Хари во мемоарите пишува дека Кејт била незадоволна од фустанот што требало да го носи малата Шарлот на свадбата на Меган и Хари. Таа ѝ ја испратила следната СМС-порака на Меган:
„Фустанот на Шарлот е преголем, предолг, премногу широк. Плачеше кога го проба дома“, биле зборовите на Кејт.
Кејт барала фустанот да се преправи четири дена пред свадбата. Преправањето шиени фустани не е необично во високата мода, но она што било проблематично е краткиот рок за преправка.
Меган на ова ѝ напишала на Кејт дека кројачот на фустанот е спремен да го прекрои и да го смени направеното. Но, следел студен одговор од Кејт поради кој Меган, наводно, липала на подот.
Хари пишува и дека Кејт не мислела лошо со нејзините пораки, па следното утро на нивната адреса испратила цвеќиња со картичка со извинување за непријатностите.
Друг познат детал од препирките меѓу Меган и Кејт е кога Меган побарала од Кејт да ѝ го позајми сјајот за усни, а на крајот и го ставила на своите. Ова видно ја згрозило Кејт.
Во мемоарите Хари пишува и за караниците по венчавката. Вилијам и Кејт ги поканиле Хари и Меган на чај, а на чајанката Вилијам луто го вперил прстот во Меган. Всушност, испадот го предизвикала Кејт тврдејќи дека Меган ѝ должи извинување откако ја задевала дека има мозок на дете затоа што заборавила еден детал за време на пробата.
Хари во својата книга напишал дека Меган ѝ се извинила на Кејт, но дека Вилијам скокнал во одбрана на сопругата и го вперил прстот кон неа со зборовите: „Па, тоа е грубо, Меган“.
Медиумите пишуваа дека двете двојки не се во добри односи ниту сега кога светот дозна за дијагнозата на рак на Кејт. Но, кралскиот биограф Данкан Ларкомб смета дека Хари посакува времето да се врати.
– Ударните вести како онаа за дијагнозата на Кејт нè поттикнуваат да гледаме од друг агол. Хари не е имун на жалење и на мисли од типот „Што ако…? Тоа е поради фактот што Кејт му беше како сестрата што никогаш ја немал и тој веројатно искрено жали за односот со неа и со Вилијам, однос што толку спектакуларно пропадна – изјавил биоградот за британскиот магазин „Њу!“.