ХАРИ МУ ПИШАЛ НА ВИЛИЈАМ, ШТОТУКУ ДОЗНАЛ ЗА КЕЈТ?! Принцезата можела да знае за својата болест многу пред операцијата, вели американски доктор

Професорот Рејнер тврди дека нема никаква смисла или медицинска логика што Кејт не знаела за ракот пред операцијата на стомакот, бидејќи на таа операција ѝ претходеле сигурно моќни анализи при кои лекарскиот тим морал да види дека е тешко болна. Кејт минатиот петок соопшти дека има рак пред британската и светската јавност.

2,942

Принцот Хари наводно му испратил порака на својот брат Вилијам откако неговата сопруга Кејт Мидлтон објавила дека има рак , пренесува британски Мирор повикувајќи се на изјава на коментаторката Сара Лоис.

–  Хари го контактираше својот брат минатата ноќ. Имаше некои СМС пораки, некои размени, а фактот дека тоа се случи покажува дека сега може да има затоплување и малку маслиново гранче меѓу двете семејства. И мислам, нели би било добро ако Хари да се извини? Ова е моментот кога треба да се остави лошата крв зад себе и да се собере семејството. Дијагнозата на Кетрин стави сè во перспектива, глупостите за кои се караа изгледаат така бесмислено – рече кралската коментаторка Сара Лоис Робертсон за GB News.






Според германски „Билд“, Хари и Меган ги контактирале Вилијам и Кејт во петокот вечерта, откако принцезата во видео порака открила дека боледува од рак.

Кралски експерт за британскиот магазин „Сан“ изјави дека Кејт донела свесна одлука да не ги информира принцот и војвката на Сасекс за нејзиниот здравствен проблем. Според него причината за молкот на Кејт е поразителна – „Кејт и Вилијам не можат да им веруваат на Хари и Меган“.

Дали посетата на Хари во Велика Британија во мај ќе биде нова шанса за помирување? Тој ќе ја посети својата фамилија без Меган и без двете деца Арчи (4) и Лилибет (2).

Неодамна протекоа информации дека Хари и неговата сопруга Меган Маркл не знаеле за дијагнозата на принцезата од Велс.

– Тие немаа поим и дознаа за истото време и остатокот од светот. Тоа ја покажува непоправливата штета што ја предизвикале. Довербата е скршена и кралското семејство е во ред да се дистанцира од нив  – открил извор на „Њујорк Пост“.

Од друга страна, останува отворено прашањето кога и како самата Кејт дознала за својата дијагноза.

Истакнатиот американски лекар д-р Џонатан Рејнер, професор по медицина на Универзитетот Џорџ Вашингтон, изјави за Си-Ен-Ен дека од медицинска гледна точка, тој целосно го отфрла видеото на Кејт Мидлтон во кое таа вели дека дознала за ракот по операцијата на стомакот.

Рејнер тврди дека нема никаква смисла или медицинска логика што Кејт не знаела за ракот пред операцијата на стомакот, бидејќи на таа операција ѝ претходеле сигурно моќни анализи при кои лекарскиот тим морал да види дека е тешко болна.

Освен кралската фамилија, од најновите вести за Кејт погодени се и нејзините родители Керол и Мајкл. Свекорот и свекрвата на Кејт биле многу блиски со Вилијам, пишуваат британските медиуми. Пред да се ожени со Кејт тој им рекол:

– Секогаш ќе се грижам за неа.

Кралскиот биограф Данкан Ларков за британски „Мирор“ открива и дека свекорот и сверквата можат да ја ублажат болката за принцот Вилијам.

– Вилијам е како посвоен син за Керол и Мајкл и отсекогаш бил. Една од работите што ја зајакнаа врската на Вилијам и Кејт од самиот почеток беше фактот што Кејт потекнуваше од семејство чии членови беа блиску меѓу себе. Тоа е нешто што на некој начин му недостасуваше (на Вилијам) во животот, тој ја изгубил својата мајка, па сосема е природно Керол и Мајкл да дојдат на помош и да го поддржат (Вилијам) на секој начин.

Кејт и Вилијам ќе ја прослават 13-годишнината од бракот на 29 април. Принцезата е на лекување од февруари. По операцијата на стомакот во јануари, состојбата се сметаше за бенигна, подоцна се покажа дека е рак.

 

 

Поврзани содржини