Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата, членови на комисии, како и други кадровски прашања. Меѓу предлозите за нови директори е поранешниот пратеник Хари Локвенец како и поранешната заменичка министерка за финансии Ширет Елези.
Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје да го именува за в.д. директор Хари Локвенец.
Бејназ Арифи да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, во државна сопственост, а за член на Надзорниот одбор, да го избере Скендер Мехмети.
Владата да ја прифати оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и ја разреши од должноста член на Националната комисија за учебници. Прифатена е оставката од Дејан Ампев и тој е разреши од должноста в.д. заменик координатор на Национален координативен центар за гранично управување на негово барање.
Владата ја прифати оставката од Муса Ибраими и го разреши од должноста заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. За нов директор е предложен Арбен Ќерими.
Владата ја прифати оставката од Зеќир Јакупоски да го разреши од должноста в.д. заменик на директорот во Центар за управување со кризи, а Екрем Зендели го именува за в.д. заменик на директорор.
За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Кичево е именуван Назим Сулејмани, а за подрачјето на Скопје Авдил Јонузи. На Јованка Ѓорѓеска е утврден престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија. Владата донесе Предлог Одлука за распишување Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Тетово.
Сеадет Јусуфи да го именува за член на Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука претставник од Центарот за стручно образование и обука. Олимпија Христова Заевска е разрешена од должноста член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а за член ја именува Ширет Елези.
Владатаму препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, да ja избере Виолета Илиевска за в.д. заменик на директорот. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје, да го именува за в.д. заменик на директорот Брахим Ајвази.