Хари и Вилијам утре ќе се сретнат на погребот на дедо им, а Кејт ќе мора да внимава на нив

1,434

Браќата би требало да се состанат за првпат во замокот Виндзор во саботата наутро, јавуваат британските медиуми. Исто така, медиумите наведуваат и дека Кејт Мидлтон (39) ќе има улога на „миротворец“ помеѓу принцевите Вилијам и Хари. Двајцата, наводно, ветиле дека ќе се обидат да ги средат односите и несогласувањата во чест на нивниот дедо.

– Тие знаат дека в сабота нема да бидат најважни и дека мора да го почитуваат споменот на нивниот дедо и да бидат поддршка на нивната баба. Целото внимание ќе биде насочено кон кралицата и нема исклучоци, семејството е обединето – изјавил извор близок до кралското семејство за „Дејли мејл“.






Инаку, Хари и Кејт одлично се согласувале уште од самиот почеток. Хари во една прилика ја опишал како негова постара сестра која никогаш ја немал. Но, не е сигурно дека нивниот однос останал близок по интервјуто на Хари и Меган Маркл што ѝ го дадоа Опра Винфри и по напуштањето на кралското семејство.

Да потсетиме, принцот Хари слета на аеродромот Хитроу во Лондон пред неколку дена и моментално е во карантин во Нотингем, каде ја запроси Меган во 2017 година. Тој мора да помине пет дена во изолација, по што, доколку тестот за коронавирус покаже дека е негативен, ќе може да присуствува на погребот на неговиот дедо.

Во спротивно, тој ќе мора да помине десет дена во карантин. Но, според упатствата на британската влада, оние кои влегуваат во земјата од странство можат да излезат од карантин поради смртни случаи во семејството.

 

 

Поврзани содржини