ХАРИ И МЕГАН СЕ ПАР НА ГОДИНАТА Двојката позираше за насловната на „Тајм Магазин“ ФОТО

„Во свет каде што секој има мислење за луѓето што не ги познава, војводата и војвотката покажуваат сочувство кон луѓето што не ги познаваат“, пишува во статијата на „Тајм Магазин“. „Хари и Меган не се луѓе што само ги споделуваат своите мислења. Тие трчаат и се борат“.

402

Принцот Хари и војвотката Меган се меѓу 100-те највлијателни личности во светот за оваа 2021 година, според познатиот „Тајм Магазин“, на чија насловна е објавена слика од заљубената двојка. Но, фотографијата е всушност ре-објава од првата слика на која Хари и Меган заедно позирале за насловна страна во списание – таа во бело, а тој во црно, пишува ИнСтајл.

Белата блуза и панталони на војвотката од Сасекс и црните кошула и панталони на Хари сè уште еден пример за нивната елеганција – и скромност. Статијата за нив во „Тајм Магазин“ ја напишал од Жозе Андрес, инаку основач на Светската централна кујна, со кого двојката веќе соработуваше. Имено, Хари и Меган донираа пари и помош во Центрите за храна за земји кои биле погодени од големи катастрофи – урагани, торнада, земјотреси.

 






„Во свет каде што секој има мислење за луѓе што не ги познава, војводата и војвотката покажуваат сочувство кон луѓето што не ги познаваат“, напишал тој во статијата. „Хари и Меган не се луѓе што само ги споделуваат своите мислења. Тие трчаат и се борат“.

Андрес исто така ја поздрави работата на Хари и Меган преку нивната фондација „Арчевел“, пишувајќи:

„Тие им даваат глас на безгласните преку една медиумска продукција. Заедно со непрофитните организации, тие преземаат ризици за да им помогнат на луѓето во неволја – нудејќи им психолошка поддршка на Афроамериканките во САД и хранејќи ги оние што беа погодени од природните катастрофи во Индија и на Карибите“.

Фондацијата „Арчевел“, која е именувана по синот на Хари и Меган, Арчи, неодамна се здружи со Светската централна кујна за да помогне во напорите за закрепнување на луѓето кои годинава се затекнаа насреде земјотрес во Хаити.

„Признаваме дека многумина од вас можеби се чувствуваат беспомошни во моментов додека гледате како состојбата на светот брзо се менува“, напишаа Меган и Хари во изјавата минатиот месец. „Тоа можеби изгледа дезориентирачки и поразително, но ние имаме верба во моќта на заедничка целта, акција и во посветеноста кон нашата колективна благосостојба“.

Поврзани содржини