ХАРИ И МЕГАН ЌЕ ЈА ПОСЕТАТ КРАЛИЦАТА ЗИМАВА? Бабата сака да си го види правнучето во декември

Мислам дека Хари ќе се чувствува особено виновен ако кралицата не ги види правнуците што не ги гледала често или правнуката (Лилибет) која воопшто не ја видела, рече Хеликер во интервју за британско „Сонце“.

439

Хари и Меган веројатно ќе ја посетат Кралската палата во декември, а за тоа веќе абер им пратила кралицата Елизабета, која сака да го види внучето Лилибет, а не знае уште колку ќе живее, пишува Нет. Војводата и војвотката од Сасекс веќе немаат изговори дека не можат да патуваат, бидејќи САД конечно најави дека ќе ја отповика забраната за патување во време на коронавирус.

 






Изворите од Кралската палата постојано „шушкаат“ нешто со медиумите во Британија. Хари и Меган ќе сакаат да дојдат во земјата и за да можат да ја крстат тримесечната Лилибет, како што претходно го крстија нејзиното постаро братче Арчи.

Иако не е целосно потврдено, писателот Адам Хеликер рече дека враќањето на семејството во Велика Британија е „императив за семејното единство“.

 

„Мислам дека Хари ќе се чувствува особено виновен ако кралицата не ги види правнуците што не ги гледала често или правнуката (Лилибет) која воопшто не ја видела“, рече Хеликер во интервју за британско „Сонце“.

Па, поминаа 18-те месеци од забраната за патување која тогаш ја воведе претходниот претседател Доналд Трамп. Сега, откако Белата куќа објави дека сите вакцинирани луѓе од Европа и од Велика Британија ќе можат да влезат и да излезат веќе од ноември, останува да видиме дали и кога точно ќе се сретнат свекрвата и снаата.

Поврзани содржини