Меган Маркл и принцот Хари се снимени во Лос Анџелес додека им доставуваат пакети со храна на луѓето кои боледуваат од тешки болести и на загрозените и сиромашните.
Парот бил облечен во фармерки и маици, со маски и ракавици, кои во Лос Анџелес се задолжителни кога излегувате надвор.
Познатиот пар бил следен со безбедносен тим во автомобил кој возел зад нив, внимавајќи да не им се случи нешто додека добротворно работеле.
Додека Хари носел сина марама преку лицето, Меган носела хируршка маска. И Меган и Хари имале по една заштитна ракавица на десната рака.
На снимката се гледа како Хари со нога ја отвора капијата, додека Меган му го додава пакетот на човекот. Му мавнале со рацете на човекот на кого му ја донеле храната и продолжиле да носат помош на загрозените.
„Тие доставија храна на 20 наши клиенти и буквално ги потресоа“, рекла Ана-Мари Вилијамс, менаџер за комуникации на фондацијата.
Во изјавата на непрофитната организација се вели дека парот „тивко продолжува да доставува храна за да им олесни на нашите презафатени возачи, кои се соочуваат со зголемен обем на работа“.
FOTO: Instagram