ХАРИ ЌЕ ГО ПОСЕТИ ЧАРЛС, НО ДОБИЛ СТУДЕН ОДГОВОР ОД ВИЛИЈАМ Одлуката на војводата ја загрижи британската јавност

Кралот Чарлс, кој се лекува од рак, наводно е длабоко погоден поради недостатокот на блискост со внуците. Последен пат ги видел во јуни 2022 година, за време на платинестиот јубилеј од смртта на кралицата Елизабета Втора.

715

Раката за помирување што ја подаде војводата од Сасекс наишла на студен одговор од неговиот брат, принцот Вилијам, кој ја одбил поканата тие да се сретнат во Велика Британија „без двоумење“, јави Њујорк пост

Сепак, септември би можел да донесе тивка пресвртница за семејните односи во британската кралска фамилија.






Војводата од Сасекс, 40-годишниот принц Хари, планира да отпатува во Велика Британија на почетокот на септември поради традиционалните награди WellChild, а во Лондон се очекува да се сретне и со неговиот татко, кралот Чарлс(76).

– За првпат по долго време, постои вистинско чувство дека помирувањето е можно – истакна извор за медиумот, нагласувајќи дека постои „решеност од двете страни да се случи тоа“.

Според истиот извор, линиите на комуникација меѓу тимот на принцот Хари и Палатата се повторно отворени, а надежите се насочени кон лична средба помеѓу татко и син за време на посетата.

Сепак, принцот Вилијам, братот на Хари и наследникот на тронот, ја одбил поканата за разговор, одлука што го отежнува целосното семејно приближување.

– Никој не тврди дека семејните проблеми се решени, но ова е почеток на врската меѓу Чарлс и Хари – додал истиот упатен извор.

Средбата е најавена како „едноставен разговор лице в лице“, а не формална средба, со акцент на „приватност и достоинство“. Наводно, ваквиот пристап бил избран за да се избегне медиумска експлозивност.

Во јули, комуникацискиот тим на Хари бил виден на таен состанок со секретарот за комуникации на кралот, што дополнително ги поттикнало шпекулациите за планирано примирје.

Хари ќе патува сам. Неговата сопруга Меган Маркл, која не стапнала во Обединетото Кралство од септември 2022 година, ќе остане во Монтесито, Калифорнија, со нивните деца, 6-годишниот Арчи и 4-годишната Лилибет.

Кралот Чарлс, кој се лекува од рак, наводно е длабоко погоден поради недостатокот на блискост со внуците.

Последен пат ги видел во јуни 2022 година, за време на одбележувањето на 70-годишнината од владеењето на покојната кралица Елизабета Втора.

 

Поврзани содржини