По повод 125-годишнината на германскиот производител на автомобили Opel Automobile GmbH, компанијата Еуроимпекс ДОО како генерален увозник за Opel возилата во регионот, истапува со најнова роденденска понуда. Happy buy-day – 125 години Opel се однесува на трите најпосакувани модели во гамата – Opel Corsa, Opel Astra и Opel Mokka.
„Yes of Corsa“, Opel Corsa го доби признанието „Најпосакуван градски автомобил“ во Македонија на истоимениот национален избор организиран од страна на неколку реномирани македонски автомобилски медиуми.
– Она што сакаме да го истакнеме е дека, покрај оваа понуда, само оваа недела со почеток од 18.11.2024 до 25.11.2024 сме присутни во Сити мол со специјалната понуда на верзијата на Opel Corsa – YES EDITION (1.2 Turbo 100 KS MT6) која носи дополнително роденденско изненадување – изјави Драган Јовев, продукт менаџер во Еуроимпекс и додаде:
– Corsa е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен „detox“, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Corsa доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска „Opel Vizor“ ја интегрира најдобрата Intelli-lux Matrix технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Opel Corsa навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година e меѓу водечките модели во B-сегментот.
Дизајнирана со прецизност. Произведена во Германија. Целосно детоксифициран дизајн, започнувајќи од препознатливиот визор во предниот дел, па сѐ до внатрешноста…. Благодарение на фасцинантниот нов Pure Panel® во кабината фокусот е свртен кон возачот. Придружете се на најдобрите. Возете го најхрабриот автомобил во својата класа. Opel Astra!
Осмелете се да бидете поинакви. Помалку нормално, повеќе Mokka. Модерен и повеќе од смел… Стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. Динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед.
Посетете ги салоните на Opel или побарајте понуда On line на следниов линк: https://www.opel.mk/tools/opel-videte-cena.html а може да се обратите во Скопје Сити мол во периодот наведен погоре, за да дознаете за што станува збор.