ХАП НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБАР ДЕБИТАНТ Новиот македонски репрезентативец е кандидат за МВП

Пред Хап се само Џанан Муса од Босна и Херцеговина и Мајлс Хеесон од Велика Британија. Така за Хап е помеѓу петте номинирани за МВП во првото коло и за него може да гласате на страницата на ФИБА.

212

Новиот Американец во репрезентацијата на Македонија, Итан Хап имаше одлично деби на стартот од квалификациите за Европското првенство.

Натпреварот против Естонија во кој Македонија не одигра лошо и во голем дел од натпреварот имаше предност тој го заврши со дабл-дабл учинок од 18 поени, 10 скока и четири блокади. Неговиот индекс е трет највисоко во првото коло од квалификациите за ЕП.






Пред Хап се само Џанан Муса од Босна и Херцеговина и Мајлс Хеесон од Велика Британија. Така за Хап е помеѓу петте номинирани за МВП во првото коло и за него може да гласате на страницата на ФИБА.

Исто така Хап е и помеѓу номинираните за најдобар дебитант. Конкуренти на нашиот репрезентативец во оваа категорија му се: Тарик Биберовиќ од Турција, Оскар да Силва од Германија, Јонас Делалие од Белгија, Мет Дилоу од Велика Британија, Ѓорги Очкикидѕе од Грузија, Рубен Преј од Португалија, Метју Стразел од Франција, Џо Томасон од Грузија и Дарал Вилис од Кипар.

 

Поврзани содржини