ХАОТИЧНИ СЦЕНИ ВО ШПАНИЈА Дождот ги поплави улиците, возилата пливаат како чамци (ВИДЕО)
Дождот, освен што предизвикал поплава, предизвикал и многубројни проблеми во сообраќајот, а како што јавуваат шпанските медиуми, итните служби во Андалузија забележале повеќе од 600 инциденти.
Обилните дождови предизвикаа страшна поплава во провинцијата Хуелва во Шпанија, каде што во текот на вчерашниот ден паднало повеќе од 100 сантиметри дожд на метар квадратен – и сето тоа во период од 12 часа.
Дождот, освен што предизвикал поплава, предизвикал и многубројни проблеми во сообраќајот, а како што јавуваат шпанските медиуми, итните служби во Андалузија забележале повеќе од 600 инциденти.
Исто така, на социјалните мрежи се појавија снимки кои прикажуваат како поплавата носи автомобили низ потопените улици.