📽️ ХАОСОТ СЕ ПОВТОРИ ВО СОБРАНИЕТО ВО ЗАЈЕЧАР Општината доби градоначалник откако чадеше димна бомба

И покрај протестите и тензичната атмосфера, владејачката коалиција избрала нов градоначалник, Владимир Виденовиќ од Српската напредна партија, како и нов претседател на градското собрание, Стефан Занков, кој бил гаѓан со шишиња со вода веднаш по преземањето на функцијата.

404

Розова димна завеса го исполни просторот во општинското собрание во Зајечар, додека обезбедувањето избрка советници од опозицијата, а граѓаните протестираа под силна полициска придружба.

Веднаш по почетокот на седницата, закажана како продолжение на прекинатата од 3 септември, избила нова кавга меѓу опозицијата и обезбедувањето. Врв на инцидентот бил моментот кога била активирана димна бомба, по што следело поливање со вода и обвинувања за кршење на Уставот.






– Приватното обезбедување ме удри неколку пати, сакаат да нѐ избркаат од сала по незаконски пат – рече опозицискиот лидер Угљеша Ѓуричковиќ, кој наводно ја фрлил водата врз новоизбраниот претседател на Собранието, Стефан Занков.

„Имале 60 дена, а денеска е 85-тиот. Немаа легитимитет, пресудата потврди дека мандатите не се верификувани“, соопшти неговото движење „Промена во која веруваме“.

 

И покрај протестите и тензичната атмосфера, владејачката коалиција избрала нов градоначалник, Владимир Виденовиќ од Српската напредна партија, како и нов претседател на градското собрание, Стефан Занков, кој бил гаѓан со шишиња со вода веднаш по преземањето на функцијата.

„Троен кoрдон обезбедување го чекаше секој советник кој гласаше“, јави српска Нова. До крајот на седницата, која завршила околу 15 часот, владејачкото мнозинство ги изгласало сите точки од дневниот ред.

Претходно, Вишиот суд во Зајечар ја поништил одлуката за потврдување на мандатите, со образложение дека недостасувал извештај од Верификациската комисија, што ја фрла легитимноста на целиот процес под прашање.

Според последните изборни резултати од 7 јуни, коалицијата на Српската напредна партија освоила 27 мандати, „Промена во која веруваме“ 19, а „Обединети за спас на Зајечар“ четири.

Но, ЦРТА соопшти: „На 19 отсто од избирачките места се забележани тешки нерегуларности“.

Во февруари оваа година се случи судир меѓу полицијата и демонстрантите во Зајечар, при што демонстрантите го блокираа работата на Градското собрание, а беше употребен солзавец.

Под слоганот „Слободата почнува од истокот“, млади активистии тогаш пробаа да го насочат вниманието кон корупцијата и изборните нерегуларности пред локалните избори.

Поврзани содржини