ХАОСОТ НА ХИРУРГИЈА СЕ ВЛОШУВА Не се оперираат ниту деца, ниту пациенти со рак

716

Тригодишно дете со скршена бутна коска, наместо операција си замина дома со гипс. Од Гостивар пред два дена го донеле на хируршките клиники со Брза Помош. Бидејќи не работи оперативниот блок лекарите им рекле на родителите да пробаат со гипсирана нога со надеж дека ќе му помине без интервенција.

– Kажаа дека во Велес треба да се направи операција со тим на доктори од тука, но бидејќи има сега гипс ќе видиме дали ќе помине, ако не, во петок операција – вели мајка на тригодишно дете.






Малото момче од Гостивар е едно од многуте пациенти кои трпат стресови и нервози поради одложени операции.

Пред хируршките клиники денеска се наоѓаше и син чиј татко од внатрешноста веќе три недели чека за операција со малигна болест.

Освен за најитни случаи во сали со компресори од надвор, на хирургија веќе 17 дена нема оперативен програм и стотици пациенти за хронични операции имаат одложени и пролонгирани термини. Директорите досега не излегоа во јавност, а за смрдеата во хируршкиот блок од заеднички служби топката ја префрлаат на клиниките.

Во меѓувреме, иако избран за пратеник во новиот состав, Илир Демири одбива да замине од министерската фотелја.

Поврзани содржини