Директорот на Заводот за итна медицинска помош на градот Загреб, Жарко Рашиќ, објаснил за Хина зошто тој порано утринава изјавил дека 15-годишно дете загинало во земјотрес. Тој вели дека тој податок го прочитал од т.н. диспонентски списоци што му ги доставил лекарот за итни случаи, кој учествувал во транспортот на пациенти. Тој исто така рекол дека го добил од директорот на службата за загрепската Итна помош, кој го информирал дека е пренесен пациент „кој не покажувал знаци на живот“, пишува „Јутарњи.хр“.
Како што објави „Јутарњи“, Горан Роиќ, директорот на Детската болница, го демантирал Рашиќ и потврди дека детето е тешко повредено и е во критична состојба.
Во земјотресот во Загреб урнати се покриви, оштетени се многу згради, но погодени се и болниците, каде пациентите морале да бидат евакуирани надвор, пренесува „24 сата.хр“.
Сите се на улици, во паника, со апел да не влегуваат во домовите, но и да држат дистанца поради коронавирусот.
FOTO: Indeks.hr/Printskrin