📽️ ХАОС ВО ВАЉАДОЛИД – СОИГРАЧИ СЕ НАФРЛИЈА ЕДЕН НА ДРУГ Тензично на клупата, тимот пред испаѓање во пониска лига
Во текот на натпреварот, кога веќе беше јасно дека тимот е немоќен пред налетите на гостите од мадридското предградие, на клупата за резерви настана тензија – Луис Перез, видно изнервиран, го удри соиграчот Хуанми Латас по раката
Инцидент меѓу соиграчи на клупата го одбележа срамниот пораз на Ваљадолид од Хетафе со 0-4, кој ги донесе на чекор до официјално испаѓање во Сегунда.
Во текот на натпреварот, кога веќе беше јасно дека тимот е немоќен пред налетите на гостите од мадридското предградие, на клупата за резерви настана тензија – Луис Перез, видно изнервиран, го удри соиграчот Хуанми Латас по раката. Само брзата реакција на останатите играчи спречи физичка пресметка меѓу двајцата, што ја долови вистинската слика на атмосферата во клубот.
Хетафе буквално им подари „билет“ за понизок ранг, оставајќи ги без реални шанси за спас. Ваљадолид остана на 16 освоени бодови, што е за огромни 14 помалку од Алвес – екипата која моментално е прва над црвената линија за испаѓање.
Клубот тоне во криза – не само на теренот, туку и во соблекувалната. Разочараните навивачи веќе бараат оставки, додека раководството молчи. Сега останува само прашањето не дали, туку кога Ваљадолид и официјално ќе биде дел од втората шпанска лига.
Mululu a punto de cascarle una ostia a Latasa en el banquillo hoy contra el Getafe. Este club se va a la deriva pic.twitter.com/R9d30vWDVq
— lazo (@goldelazo3) April 6, 2025