ХАОС ВО ТИРАНА Приврзаници на Бериша се обидоа насилно да ја преземат партијата ВИДЕО

849

Насилство, солзавец, тензии и полициска интервенција, се само дел од моментите кои го проследија денешниот протест повикан од поранешниот лидер на Демократската партија Сали Бериша, кој имаше за цел да ја преземе контролата врз нејзиното седиште.

Бериша пред извесно време беше исклучен од партијата, но започна активности за повторно да ја преземе од Љуљзим Баша.






Албанската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се обидоа да упаднат во седиштето на опозицијата. Според полицијата, интервенцијата била по барање на група пратеници на Демократската партија кои побарале помош бидејќи им биле загрозени животите. Бериша оцени дека денешниот протест докажал оти Љуљзим Баша е заложник на премиерот Еди Рама.

 Во немирите има неколку повредени лица.

По крајот на протестот Бериша најави дека нема да се откаже од своите намери да ја преземе контролата врз Демократската партија, најавувајќи нови протести во наредниот период, не само во Тирана туку и низ цела Албанија.

Поврзани содржини