Хаос во Франкфурт: Полицијата со водени топови ги растера противниците и приврзаниците на мерките ВИДЕО

565

На улиците на Франкфурт денеска излегле околу 600 луѓе организирани од движењето „ Кверденкер“ кои протестирале против владините мерки против пандемијата.

Полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите од трасата по која се движеле, а која претходно неколку пати ја блокирале околу 300 граѓани кои протестираат против движењето „Кверденкер“.






Портпаролот на полицијата изјавил дека собирот е растурен откако учесниците упорно одбивале да носат маски и да одржуваат физичка дистанца.

Грманските власти ги затворија рестораните, додека училиштата и продавниците се уште работат.

Во Германија денеска се потврдени 22.461 нови случаи на коронавирусот, вкупно 775.556 од почетокот на пандемијата.

Поврзани содржини