📽️ ХАОС ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП Пресметка со огнено и ладно оружје, полицијата ја обезбедува областа
Полицијата со силно присуство ја обезбедува прилепската болница поради вооружена пресметка помеѓу две групи, објави Маркукуле.
Во Прилеп се случи драматична вооружена пресметка меѓу две групи лица во дворот и околу градската болница, пренесува прилепскиот портал Маркукуле, кој објави и видео од настанот.
Според објавата, во судирот било користено и огнено и ладно оружје, а полицијата била принудена веднаш да интервенира за да ја стави ситуацијата под контрола и да спречи поголеми последици.
„Полицијата го обезбедува целиот простор околу болницата за да не дојде до поголема опасност“, објави порталот.
Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали околу мотивите на пресметката и дали има повредени лица. Се очекува повеќе информации во текот на денот.