📽️ ХАОС ВО ДОХА, ИРАНСКИ РАКЕТИ ГО ТРЕСЕА КАТАР Паника во главниот град, жителите бегаат од трговски центар
Видео снимки од трговски центар во главниот град на Катар кружат на социјалните мрежи, прикажувајќи луѓе во паничен бег и општа вознемиреност.
Жителите на Доха вечерва се во паника кога иранските ракети го погодија американскиот воен комплекс Ал Удеид, најголемата американска база на Блискиот Исток. Видео снимки од трговски центар во главниот град на Катар кружат на социјалните мрежи, прикажувајќи луѓе во паничен бег и општа вознемиреност.
Panic in Doha mall during Iranian missile strike on U.S. forces in Qatar. pic.twitter.com/AjkqThSGBu
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Оваа операција, наречена „Башарат ал-Фат“, беше лансирана од Иран како директен одговор на нападите од страна на американските сили врз иранските нуклеарни постројки. Покрај базата во Катар, Иран лансираше ракета и кон американска база во Ирак, објавија државните медиуми.
Катар е дом на речиси 8.000 американски граѓани, според Стејт департментот, а базата Ал Удеид претставува стратешко седиште на американскиот Централен команд за операции на Блискиот Исток. Паниката и вознемиреноста на локалното население е голема, со оглед на интензитетот и значењето на нападот.
📽️ ИРАН ЈА ПОЧНА ОДМАЗДАТА КОН САД Нападната американската база во Доха, детонации има и во Ирак