ХАОС ВО ЦРВЕНО МОРЕ Американците повторно го ракетираа Јемен

Нападите се лансирани од Црвеното Море и погодиле 14 проектили на Хутите во Јемен кои командата на американската војска ги оцени како „непосредна закана“.

839

Во текот на ноќта американската војска изврши нов бран ракетни напади од бродови и подморници на локации во Јемен под контрола на Хутите, што е четврти пат американската војска директно да ги гаѓа нивните позиции во Јемен во последните неколку недели.
Нападите беа лансирани од Црвеното Море и погодија 14 проектили кои командата на американската војска ги оцени како „непосредна закана“, пренесува АП.

„Силите погодија 14 проектили на Хути, поддржани од Иран. Проектилите беа на лансирни патеки и претставуваа непосредна закана за американските трговски и поморски бродови во регионот. Тие можеа да бидат испалени во секое време, што ги натера американските сили да го искористат своето право и обврска да се бранат“ – се вели во соопштението од американската војска.






Хутите претходно ја презедоа одговорноста за нападот на американскиот товарен брод, за кој тврдат дека бил погоден директно.

Поврзани содржини