📽 ХАОС ВО ЦЕНТАРОТ НА ДАБЛИН Демонстрантите се судрија со полицијата, откако две деца и еден маж беа прободени со нож

Две деца на возраст од 5 и 6 години и маж на возраст од 50 години беа повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин.

1,790

Демонстранти запалија полициски автомобил и два автобуса и се судрија со полицијата вечерва во Даблин, откако по социјални мрежи се појавија непроверени информации дека напаѓачот кој повреди со нож три лица во градот е странски државјанин.

Шефот на полицијата Дру Харис ги осуди „срамните сцени“ во близина на местото на нападот и предупреди да не се шири „дезинформации“.






Две деца на возраст од 5 и 6 години и маж на возраст од 50 години беа повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин. Повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот. Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е уапсен и дека нападот не е извршен од терористички мотиви.

Поврзани содржини
na