📽️ ХАОС НА ПУНКТОВИТЕ ЗА ХРАНА ВО ГАЗА Палестинците се туркаа за корка леб, а Израелците пукаа
Најновиот инцидент се случил во населбата Тел ал-Султан, каде толпи луѓе ги пробиле безбедносните бариери, обидувајќи се да стигнат до пакетите со храна.
Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа сè повеќе се продлабочува откако 11-неделната израелска блокада на хуманитарната помош остави над два милиона луѓе на раб на глад. Иако минатата недела започна делумно обновување на дистрибуцијата, сцените на терен се сè уште полни со хаос и опасност.

– Тие сакаат ред, но тоа е невозможно. Луѓето се очајни, сакаат да јадат и пијат – вели Вафик Кдеих, еден од оние кои се обиделе да добијат помош.
Ситуацијата дополнително ескалирала откако израелските војници отвориле предупредувачки оган во воздух, по што американските работници и хуманитарниот тим на терен се повлекле. Поради тоа, не било можно да се заврши дистрибуцијата на помошта, потврдуваат повеќе извори.
Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа сè повеќе се продлабочува откако 11-неделната израелска блокада на хуманитарната помош остави над два милиона луѓе на раб на глад. Иако минатата недела започна делумно обновување на дистрибуцијата, сцените на терен се сè уште полни со хаос и опасност.
Најновиот инцидент се случил во населбата Тел ал-Султан, каде толпи луѓе ги пробиле безбедносните бариери, обидувајќи се да стигнат до пакетите со храна. „Тие сакаат ред, но тоа е невозможно. Луѓето се очајни, сакаат да јадат и пијат“, вели Вафик Кдеих, еден од оние кои се обиделе да добијат помош.
Ситуацијата дополнително ескалирала откако израелските војници отвориле предупредувачки оган во воздух, по што американските работници и хуманитарниот тим на терен се повлекле. Поради тоа, не било можно да се заврши дистрибуцијата на помошта, потврдуваат повеќе извори.
„Патувањето беше долго и напорно. Уморен сум и исцрпен. Има премногу луѓе овде, обезбедувањето не може да ги контролира“, изјави Абу Рамзи за Си-Ен-Ен.
Иако организацијата Global Humanitarian Foundation (GHF) тврди дека досега дистрибуирала над 8.000 пакети, сликите од терен покажуваат нешто друго – неколкумина со помош, додека полни палети стојат недопрени на отворен простор. Организацијата призна дека тимот се повлекол „за да може мал број луѓе безбедно да ја добијат помошта“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека имало предупредувачки истрели, но негираат дека пукале кон објектот или врз цивили.
Во меѓувреме, три нови пунктови за дистрибуција се подготвуваат – два на југ и еден во централна Газа. Северот останува без пункт, што според ОН е проблематично и потенцијално поттикнува принудно раселување.
Израелски воен извор за Си-Ен-Ен изјави дека армијата планира да заземе 75 отсто од територијата на Газа во следните два месеци, со што над 2 милиони Палестинци би биле принудени да се стиснат во четвртина од веќе уништената енклава.
Организациите на ОН, како и УНРВА, се подготвени да дистрибуираат значително повеќе помош веднаш штом ќе добијат дозвола. Сепак, бројот на оние кои досега добиле помош е „минимален“, а хуманитарните експерти предупредуваат дека актуелниот модел на испорака е „непрактичен, опасен и спротивен на хуманитарните принципи“.
– Патувањето беше долго и напорно. Уморен сум и исцрпен. Има премногу луѓе овде, обезбедувањето не може да ги контролира – изјави Абу Рамзи за Си-Ен-Ен.