ХАОС НА ПОЧЕТОКОТ НА МУНДИЈАЛОТ Паника и стампедо од навивачи, има и повредени (ВИДЕО)

„Хаотични сцени внатре и надвор од навивачката фан зона во паркот Ал Бида во Доха во неделата, еден час пред почетокот на воведниот натпревар меѓу Катар и Еквадор, откако организаторите дозволија премногу навивачи да го преплават местото“.

569

Светското првенство во Катар беше отворено со натпреварот меѓу домаќините и Еквадор, а во пресрет на тој натпревар дојде до инцидент со навивачите.

Да потсетиме, станува збор за групата А во која играат уште Холандија и Сенегал. Стадионот Ал Баит беше полн и многу локални навивачи ги наполнија и фан зоните низ земјата.






Во една од нив, Ал Биди, имаше големи проблеми.

Полицијата не го организира добро настанот и пушти многу повеќе фанови во фан зоната од очекуваното.

Новинарот Осјан Шаин, вака ја опиша ситуацијата во Доха.

„Хаотични сцени внатре и надвор од навивачката фан зона во паркот Ал Бида во Доха во неделата, еден час пред почетокот на воведниот натпревар меѓу Катар и Еквадор, откако организаторите дозволија премногу навивачи да го преплават местото“.

 

Настана паника и голема гужва, а стампедото го пренесоа странските медиуми, меѓу нив и ирскиот „РТЕ фудбал“, како и тоа дека има повредени, но засега не се знае бројката.

Инаку, таа локација требало да прими 40.000 фанови, а според некои информации се собрале најмалку 60.000 луѓе.

Поврзани содржини