📽️ ХАОС НА ПЛОШТАДОТ „БАН ЈЕЛАЧИЌ“ Маскирани момчиња удирале со палки и нозе, граѓаните во паника

Масовна тепачка на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, група од 20 маскирани млади напаѓале минувачи среде ден.

952

Попладнево во центарот на Загреб започнала масовна тепачка на околу 20 маскирани млади мажи на плоштадот „Бан Јелачиќ“, во близина на фонтаната Мандушевац. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, јавуваат хрватските медиуми.

На видеоснимките кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како групата напаѓа млад човек кој лежи на земја, удирајќи го со раце и нозе, а еден од напаѓачите во раката држи предмет налик на палка. По нападот, насилниците побегнале во правец на Европскиот плоштад.






– Сите бевме во шок, полицијата ја немаше никаде. Луѓето панично се јавуваа по телефон, веројатно во полиција. Сцената беше страшна – изјавил еден од сведоците за локалните медиуми.

Полицијата реагирала откако добила повеќе пријави од граѓани и успеала да приведе неколку лица поврзани со тепачката. Од загрепската полиција потврдуваат дека околу 16 часот навистина имало конфликт меѓу група млади луѓе и дека дел од нив подоцна биле лоцирани на неколку различни локации во центарот.

„Неколку помлади лица се под полициски надзор, а се спроведува кривична истрага за утврдување на сите околности“, соопштија од полицијата.

Поврзани содржини