📷 ХАОС НА ПИСТАТА ВО ЊУЈОРК Се судрија два авиони на Делта ерлајнс на „Ла Гвардија“

Во соопштението се вели дека во среда вечерта, за време на подготовката за полетување, авионот на летот 5155 на компанијата удрил во трупот на летот 5047, кој штотуку слетал, објави „ABC News“.

688

Два регионални авиони на Делта ерлајнс се судрија со мала брзина додека се приближуваа кон пистата на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, при што една стјуардеса беше повредена, а патниците не беа повредени, соопшти авиокомпанијата.

Во соопштението се вели дека во среда вечерта, за време на подготовката за полетување, авионот на летот 5155 на компанијата удрил во трупот на летот 5047, кој штотуку слетал, објави „ABC News“.






„Нивното десно крило ни го закачи носот и пилотската кабина, го оштети ветробранското стакло и… некои од нашите екрани тука“, може да се слушне како пилотот вели во аудио-снимка од Контролата на летање.

Делта ерлајнс соопшти дека стјуардесата претрпела полесни повреди и дека нема повредени патници.

Стјуардесата е однесена во блиската болница како мерка на претпазливост, според властите на аеродромот.

Управата на аеродромот, заедно со Федералната администрација за воздухопловство на САД и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, започна истрага за да се утврдат причините за овој инцидент.

 

 

Поврзани содржини