Хаос на Парадата на гордоста: Со пикап удри во учесници, еден почина (ВИДЕО)

Двајцата мажи се однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот почина - изјави детективката Али Адамсон.

647

Во текот на саботната Парада на гордоста во Мајами, САД, пикап удри во двајца пешаци, едниот го усмрти, а другиот е повреден, соопшти локалната полиција.

– Двајцата мажи се однесени во здравствениот центар Бровард, каде едниот почина – изјави детективката Али Адамсон. Другиот се очекува да преживее.






Таа потврди дека ФБИ помага во истрагата, но одби да каже дали истражителите веруваат дека инцидентот бил намерно предизвикан.

– Засега ги проценуваме сите опции – додаде Адамсон, но вели сите опции се отворени.

На видо-снимката на локалната телевизија, кои ги прикажа „Си-ен-ен“, по инцидентот се гледа како едно машко лице е спроведено во притвор, но Адамс не сакаше да потврди дали тој е осомничен за несреќата.

Поврзани содржини