ХАОС НА НЕБОТО, НЕ СЕ ЗНАЕЛО КОЈ КАДЕ ПАЃА Силни турбуленции на летот за Франкфурт, 11 лица се повредени

Според авиокомпанијата, на повредените им била укажана помош откако авионот безбедно слетал на закажаната дестинација, денеска, во 10:53 часот.

1,424

Единаесет лица се повредени кога авион на „Луфтханза“ на летот од Буенос Аирес за Франкфурт беше погоден од силни турбуленции над Атлантикот, соопшти денеска авиокомпанијата.

– Пет патници и шест членови на екипажот претрпеа главно полесни повреди – изјави портпаролот на Луфтханза, потврдувајќи го извештајот на новинската агенција ДПА.






– Безбедноста на летот во ниту еден момент не беше загрозена – додаде портпаролот.

Во авионот имало 329 патници и 19 членови на екипажот.

Според авиокомпанијата, на повредените им била укажана помош откако авионот безбедно слетал на закажаната дестинација, денеска, во 10:53 часот.

Авионот „Боинг 747-8“ превезувал 329 патници и 19 членови на екипажот. Турбуленциите биле краткотрајни и се случиле во зоната на интертропска конвергенција, соопштија од авиокомпанијата.

Поврзани содржини