Хаос на кралскиот двор: Кралицата наредила Чарлс да се разведе од Камила!

1,384

Љубовната приказна која од самиот почеток е една од најконтроверзните сигурно е онаа на британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер Боулс. Својата романса ја започнаа преку прељуба, бидејќи принцот во тоа време сè уште беше со починатата принцеза Дијана, па затоа Камила и денес наидува на осуда на јавноста. Според пишувањата на магазинот „Глоуб“, нивниот брак е пред распад, а за сè кумувала и кралицата Елизабета, која му наредила на нејзиниот син Чарлс да ги предаде документите за развод.

Според нивните наводи и зборовите на анонимниот извор, кралицата сака да ги реши сите скандали пред да умре. Иако принцот Чарлс го молел судот оваа постапка да биде строго доверлива и далеку од очите на јавноста, се чини дека нешто тргнало наопаку.






– Тој сакаше да го избегне овој скандал и срам – рекол изворот, не откривајќи многу детали. Иако семејството официјално не се огласило за тоа, многумина и понатаму навиваат за заминувањето на Камила.

На ова му оди во прилог и приказната од пред неколку месеци, кога британските медиуми објавија дека нивниот брак е нелегален. Тогаш таблоидите тврдеа дека бракот е прекршен со Законот од 19. век, според кој бракот мора да биде склучен на церемонија пропишана од англиската црква, но тоа не било направено.

Неодамна дури и се зборуваше дека заедно ќе го напуштат кралскиот двор и ќе заминат во Италија. Имено, било напишано дека на Чарлс и Камила веќе им здодеало да ја чекаат круната и дека имаат намера трајно да се преселат во Италија и да му ја препуштат круната на принцот Вилијам, еден ден кога кралицата Елизабета ќе почине или ќе отстапи од тронот.

Што, всушност, ќе се случи со оваа контроверзна двојка, останува да видиме.

 

 

Поврзани содржини