ХАОС НА ИЛИНДЕНСКА Приватните превозници поставија блокади од 6 часот

Посебен сообраќаен режим има од крстосницата на Илинден со булеварот Св. Климент Охридски до крстосниците со булварот 8 Септември  и околните улици.

463

Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат своето незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП. Протестот почна во 6 часот утрово.

Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран, бидејќи ќе бидат блокирани крстосниците кај ТЦ „Мавровка” и кај Црвениот крст и на булеварот Илинден.






Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз” поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

 

Од тие причини СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот Илинден.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим има од крстосницата на Илинден со булеварот Св. Климент Охридски до крстосниците со булварот 8 Септември  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.

Поврзани содржини