ХАОС НА ФУДБАЛСКИ МЕЧ ВО СЛУПЧАНЕ Играчи на Беса ги истепаа фудбалерите на Аеродром

Според очевидци, расправијата на теренот брзо се претворила во тепачка, а натпреварот бил прекинат.

1,308

Натпреварот во селото Слупчане, општина Липково, заврши со хаос и полициска интервенција. Во неделата околу 18:30 часот, двајца играчи на локалниот клуб „Беса“ – 32-годишниот О.Д. и 18-годишниот Е.А. од Куманово – биле уапсени откако физички нападнале фудбалери од гостинскиот тим „Аеродром“ од Скопје.

Според очевидци, расправијата на теренот брзо се претворила во тепачка, а натпреварот бил прекинат. Полицијата веднаш интервенирала и ги привела осомничените. Од СВР Куманово велат дека се работи на откривање на сите инволвирани во инцидентот, а против насилниците ќе бидат поднесени пријави.

Поврзани содржини